28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради магла намалена видливоста на државните патишта

Поради магла намалена видливоста на државните патишта

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

Намалена видливост поради магла има во Сарамзалино, Струмица, Катланово-Велес-Катланово, Тетово, Стража, Македонски Брод и Ресен до 100 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП