
Со цел зголемување на транспарентноста и отчетноста во јавните набавки, на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) отсега ќе се објавуваат и доделените договори, при што целокупната јавност ќе има увид во нив, соопшти Министерството за финансии.

