
За сума од 1 милион и 200 илјади денари или приближно 19,5 илјади евра без ДДВ, Јавното претпријатие Паркинг-Скопје распиша тендер за прибирање понуди за ангажирање Агенција за привремено вработување на електронскиот систем за јавни набавки. Критериум за доделување на договорот е најниската цена, а времето на извршување на набавката е 12 месеци.

