27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШкола за бизнис планови за одржлив развој на туризмот во Охрид

Школа за бизнис планови за одржлив развој на туризмот во Охрид

Ohrid-profil-2

Мрежата „Решица“ денеска започнува летна школа за „Социјално претприемништво, социјални иновации, социјални бизнис модели” во рамки на која 23 студенти последипломци од 11 држави ќе изготвуваат бизнис планови за одржлив развој на туризмот на Охридското Езеро.

Студентите низ процесот на дизајн на успешни бизнис модели за општествено претприемништво ќе ги водат професори од Германија придружени од македонски колеги.

– Мрежата во изминатите четири години од основањето организираше повеќе од 15 летни школи и искуството покажува дека соработката на студенти од различни земји може да придонесе за регионален пристап кон проблемите и можноста младите претприемачи да придонесат за економски развој на регионот. Фактот дека ДААД- Агенција за германска академска размена финансиски ја поддржува работата на мрежата од година во година е уште еден доказ за успешноста на соработката, изјави проф. д-р Петер Шулте, предавач во рамки на школата и советник за меѓународна универзитетска соработка од Институт за европски прашања со седиште во Дортмунд.

Ваква школа за првпат се одржува во Македонија, а од Факултетот за деловна економија и организациски науки при Универзитетот Американ колеџ, кои ја поддржуваат школата, се надеваат дека таа ќе претставува поттик за инвестирање во добросостојбата и човечкиот капитал по примерот на европските економии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП