26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОва се највредните европски споменици

Ова се највредните европски споменици

Според најновите истражувања, вредноста на Ајфеловата кула во Париз е проценета на 435 милијарди евра, што ја прави највреден споменик во Европа.

Вредноста на познатата кула е шест пати поголема од нејзиниот најблизок ривал на листата – римскиот Колосеум, кој е проценет на 91 милијарди евра.

Највредниот британски споменик е лондонскиот „Tower“ 7,5 милијарди евра, додека „Stonehenge“ е на седмото место со 10,5 милијарди евра.

Истражувањето на трговската комора на италијанскиот регион Монца и Брианца е врз основа на „имиџот, брендот и видливоста“ на споменикот. Во студијата се вклучени десет различни параметри, кои ги изнесоа различни организации за анализа и статистика.

Во опфатените критериуми спаѓа и „туристичкиот индекс“, според кој се зема во предвид „економската вредност на локацијата, зачуваноста на споменикот, приливот на посетители на територијата и споменикот“, како и индексот за „економска привлечност“ во кој спаѓаат факторите како бројот на создадените работни места и извозната вредност.

На листата со познатите европски споменици се уште и катедралата „Duomo di Milano“ во Милано, чија вредност е проценета на 82 милијарди евра и мадридскиот музеј „del Prado“ со вредност од 58 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП