24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо САД црн рекорд - катастрофите однесоа 306 млрд долари (инфографик)

Во САД црн рекорд – катастрофите однесоа 306 млрд долари (инфографик)

Трошоците поради природните непогоди во САД достигнаа рекордни 306 милијарди долари во 2017 година, која ја одбележаа урагани, пожари, поплави, торнада и суша.

Американската Државна управа за океани и атмосфера (NOAA) соопшти денес дека во САД минатата година се случиле 16 природни катастрофи кои нанеле штета поголема од милијарда долари, а толку биле и во 2011 година. До сега рекордната штета од природните катастрофи во една година била 215 милијарди долари, во 2005 година.

Ураганот Харви нанесе штета од 125 милијарди долари, помала единствено од трошоците од ураганот Катрина во 2005 година, додека на трето место е ураганот Марија со 90 милијарди долари трошоци, наведува NOAA. Трошоците од ударот на ураганот Ирма изнесуваа 50 милијарди долари.

NOAA соопшти дека 2017 година била третата најтопла година во САД од почетокот на мерењето од 1895 година, со просечна температура од 12,6 степени целзиусови. Потопли биле само 2012 и 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП