5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната не памети вакви резултати 20 години

Еврозоната не памети вакви резултати 20 години

Довербата во економијата на еврозоната во декември порасна на највисокото ниво во повеќе од 17 години, објави денес Европската комисија.ек

Индикаторот за економската клима во еврозоната порасна на 116 поени во декември од ноемвриските 114,8 поени, што е најдобриот резултат од октомври 2000 година, покажува истражувањето на Европската комисија, пренесува ФТ.

Скокот на индексот е поголем од прогнозите на економистите и е показател на подоброто расположение меѓу компаниите во речиси сите сектори.

Довербата во индустрискиот сектор достигна рекордно ниво, а значително пооптимистични се и компаните во секторот за услуги.

Довербата на потрошувачите во декември го достигна највисокото ниво од јануари 2001 година, со што се потврдени претходните прогнози.

Бројни аналитичари стравуваа дека политичката неизвесност ќе ги загрози економските перформанси на еврозоната во 2017 година, но таа успеа да ги побие таквите очекувања и да оствари силен раст, оценува ФТ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП