3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБезос веќе има богатство од 105,1 милијарди долари

Безос веќе има богатство од 105,1 милијарди долари

Главниот извршен директор на мрежата и основач на „Amazon.com Inc.“ Џеф Безос веќе има богатство во износ од 105,1 милијарди долари, станува јасно од индексот на милијардери на „Bloomberg.

Ова се должи на 12-месечниот раст на акциите на компанијата, кои ја зголемија својата вредност со 6,6% во оваа година, кои ја зголемија и пазарната вредност со 57%.

Според извештаите на компанијата со седиште во Сиетл, таа била лидер со 89% од вкупните онлајн продажби меѓу главните трговците во празничната сезона, која опфаќа пет недели по Денот на благодарноста во САД.

Покрај бизнисот во онлајн трговијата, Безос, исто така, има акции во компанијата за истражување на вселената „Blue Origin“, како и „Washington Post“.

Овој раст на богаството на Безос ја надмина највисоката вредност на Бил Гејтс во 1999-та година (101 милијарда долари). За прв пат Безос беше побогат од основачот на „Microsoft“ во октомври со нето вредност од 93,8 милијарди долари. Еден месец подоцна, извршниот директор на „Amazon“ го мина прагот од 100 милијарди долари за прв пат од почетокот на сезоната на празници која започна со „Црниот петок“.

Бил Гејтс можеше да го задржи своето лидерско место ако не се откажеше од средствата што ги даде на неговата фондација за добротворни цели и неговата сопруга Мелинда – „Bill & Melinda Gates Foundation“. Тој се раздели со речиси 700 милиони акции на „Microsoft“ и 2,9 милијарди долари во пари и други средства од 1996-та година, па наваму.

Доколку го чуваше целото богатство, Гејтс сега би можел да поседува над 150 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП