17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОблачно време со температура до 14 степени

Облачно време со температура до 14 степени

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно. Наутро по котлините со појава на магла, особено по должина на Повардарието, информира УХМР. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, повеќе ќе биде изразен на повисоките места и на планините. Во средината на денот ќе има повеќе сончеви периоди. Температурата ќе се движи во интервал од 6 до 14 степени.

Во Скопско, умерено до значително облачно време. Наутро по котлините со појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Во средината на денот ќе има услови маглата да слабее. Температурата ќе достигне до 8 степени.

И утре ќе се задржи стабилно и суво време со магла по котлините и со појава на умерена до значителна облачност. Ќе дува најчесто слаб јужен ветер. Дневните температури, особено на повисоките места и на планините, ќе бидат над просекот за овој период од годината. По котлините и по речните долини, вклучувајќи ја и Скопската, ќе има појава на магла и ниска облачност и таму дневната температура ќе остане пониска преку денот.

Од четврток попладне во југозападните и јужните делови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, но позначителна промена проследена со врнежи од дожд, а на планините од снег, кои ќе се преместат од југ кон север и ќе се проследен со умерен северен ветер се очекуваат од петок наутро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП