20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛисиче ова утро е најзагадено мерно место

Лисиче ова утро е најзагадено мерно место

Утринава најзагадено во Скопје е во Лисиче каде што концентрацијата на ПМ10 честички е 313 микрограми на метар кубен, покажуваат податоците на Министерството за животна средина. Кај Ректорат се измерени 182, во Гази Баба 159, во Центар 110 и во Карпош 96 микрограми.

По добиените информации дека квалитетот на воздухот во Скопје последователно два дена е загаден над дозволеното, односно над 200μg/m3, вчера Владата ги активираше мерките за ублажување на последиците од аерозагадувањето во градот.

Бесплатен градски превоз до намалување на загадувањето, прекин на сите градежни активности на градилиштата, интензивно миење на градските улици, зајакнати инспекциски надзори, ограничување на обуките на автошколите, се само дел од вонредните мерки коишто Градот Скопје ги воведува со цел намалување на загадувањето во главниот град.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП