4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСаудиска Арабија со пакет финансиска помош од 13 милијарди долари за граѓаните

Саудиска Арабија со пакет финансиска помош од 13 милијарди долари за граѓаните

Пакетот финансиска помош што Саудиска Арабија ќе им го подели на државјаните за полесно да го поднесат зголемувањето на трошоците за живот вреди 13,3 милијарди долари.

„Издвојувањето на 50 милијарди риjали ќе покаже дека лидерите се грижат за граѓаните и за нивниот квалитет на живот“, изјавил министерот за култура и информирање, Авад бин Салех Алавад за весникот „Ал шарк ал Авсат“.

Кралот Салман наредил пензионерите и војниците да добиваат бонуси, а државата да го плаќа данокот при купување на куќа или стан. Освен тоа, годинава владата за помош на домаќинствата ќе издвои уште 30 милијарди риjали, при што семејствата со средни и ниски примања ќе добиваат месечна парична помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП