3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФилип Морис ќе престане да произведува цигари

Филип Морис ќе престане да произведува цигари

Најпознатиот светски произведувач на цигари Филип Морис интензивно работи на иднина без чад од цигари.

Во блиска иднина фабрика најави дека планира целосно да престане да произведува цигари, а на корисниците ќе им се нуди помалку штетна алтернатива наречена IQOS (I Quit Ordinary Smoking). Се работи за технолошка новина која би требало целосно да ги промени животите на пушачите.

Како што истакнуваат во Филип Морис, предност на овој производ е во тоа што не чади и при тоа не создава непријатен мирис кој останува на облеката и телото односно не произведува пепел.„Наша амбиција е да престанеме да продаваме цигари во Велика Британија. Општеството очекува од нас да се однесуваме одговорно и ние го правиме токму тоа, создавајќи иднина без чад од цигари“, порааа од компанијата.

Филип Морис во развојот на IQOS вложува огромни пари-од 2008 година вложил повеќе од три милијарди долари во развој на производ кој би требало да биде помалку штетен од класичните цигари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП