10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманските работници во штрајк за поголеми плати

Германските работници во штрајк за поголеми плати

Повеќе илјади работници во германската металска и инженерска индустрија ќе ја прекинат работата неделава и ќе започнат со штрајк за повисоки плати. Најголемиот синдикат на работници „ИГ Метал“ бара покачување на платите за 6 отсто годинава за околу 3,9 милини вработени во овој сектор.

„Со првиот бран предупредувачки штрајкови ќе извршиме притисок врз работодавачите за да преговараат“, вели шефот на синдикатот во Баварска, Јирген Вехслер. Работодавачите го одбија барањето на синдикатот за зголемување на платите како претерано и понудија зголемување од 2 отсто, како и еднократна исплата на 200 евра во првиот квартал.

Синдикатот кој бара да се скрати работната недела, има право на штрајк и повеќето работници обично се приклучуваат на таквиот повик. „ИГ Метал“ неделава ја покрена идејата за штрајк, на која ги повика сите работници во компании, вклучувајќи ги и производителите на спортските автомобили „Порше“.

Идната рунда разговори за платите е закажана за 11 јануари во покраината Баден – Виртемберг, во која се наоѓаат компаниите „Порше“, „Мерцедес- Бенз“ и „Бош“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП