12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЏек Ма се откажа од купувањето на американската компанија за трансфер на...

Џек Ма се откажа од купувањето на американската компанија за трансфер на пари MoneyGram

Кинескиот милијардер Џек Ма се откажа од купувањето на американската компанија за трансфер на пари MoneyGram, откако не доби зелено светло од Вашингтон.  Станува збор за договор од 1,2 милијарди американски долари, а одбивањето на купопродажбата се толкува како заострување на американската контрола на кинеските инвестиции.

MoneyGram и групацијата Ant Financial Services, чиј сопственик е кинескиот милијардер не успеале да добијат согласност од Одборот за странски вложувања во САД и покрај настојувањата да одговорат на сите барања на тоа тело.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП