2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес се празнува Божиќ - денот на Христовото раѓање

Денес се празнува Божиќ – денот на Христовото раѓање

Божиќ или Рождество Христово – денот на Христовото раѓање според христијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Црквите кои го користат грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви, го прославуваат на 25 декември. Црквите кои го користат јулијанскиот календар, вклучувајќи ја и Македонската православна црква, го прославуваат Божиќ на 7 јануари до 2100 г., а потоа ќе го прославуваат на 8 јануари до 2200 г., па на 9 јануари до 2300 г. итн.

Со вечерата на денот пред Божиќ (Бадник) завршуваат предбожиќните пости.

Во повеќето земји во светот со значителен дел на христијанско население, вклучувајќи ја и Република Македонија, Божиќ е празник и неработен ден.

Празнувањето на Раѓањето Христово се појавува уште во почетокот на христијанството, најверојатно во апостолскиот период. Апостолските правила одредуваат ден за празнување на Раѓањето Христово, покажувајќи ја смислата на тој празник за Црквата: „Внимавајте браќа, првиот празник меѓу празниците е Рождеството Христово.“ Времето кое му претходело на Рождеството Христово било исполнето со длабоко чувство за едно безгранично зло. Во секој момент се чувствувала несигурноста на тоа време. Светот пред Христовото раѓање наликувал на добро изорана нива, подготвена да го прими семето на вечниот живот – начелото на идниот век. Навуходоносор во неговиот таинствен сон го гледа образот на Рождеството Христово, протолкуван од Данаил (2 глава). Карпата којашто се отцепила од планината без да ја допре човечка рака и го разрушила големиот идол е образ на Христовото раѓање.

Со молитви и литургии во храмовите, МПЦ ќе го одбележи еден од најголемите христијански празници, Рождество Христово – Божик, посветен на раѓањето на Исус Христос.

До сите православни христијани Честит Божиќ.

Христос се роди!
Вистина се роди! 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП