26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп бара други 18 милијарди долари за ѕидот со Мексико

Трамп бара други 18 милијарди долари за ѕидот со Мексико

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе побара близу 18 милијарди долари од Конгресот во следната деценија, за да го започне проширувањето и зајакнувањето на пограничниот ѕид со Мексико, пишува „the Guardian“.

Предлогот на службата за царинска и гранична заштита ги претстави еден од деталните планови на Владата за тоа како Трамп се надева да го исполни ова свое клучно предизборно ветување.

Деталите за планот беа откриени доцна во петокот, покажува повикот за изградба на 505-километарска дополнителна ограда до септември 2027-ма година, со што вкупната должина на ѕидот ќе достигне 1552 километри – или речиси половина граница, изјави службеник, запознаен со предметот.

Планот исто така вклучува 651 километарска замена или секундарна ограда.

Трамп ветува „голем, убав ѕид“ долж границата со Мексико, но не даде речиси никакви детали каде, кога и по која цена ќе биде изграден тој.

Владата побара 1,6 милијарди долари оваа година за изградба или замена на 118 милји од оградата во Тексас и Калифорнија. Според официјалните лица, таа ќе бара уште 1,6 милијарди долари за следната година.

Десетгодишен план за кој прв го соопшти „WSJ“, е резултат од дискусиите со сенатори, разговорите со службата за царинска и гранична заштита за она што е потребно за обезбедување на границата, изјави службеник, кој побарал анонимност, бидејќи планот не е објавен јавно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП