28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќе од 300 дечиња учествуваа на бадникарската поворка во Скопје

Повеќе од 300 дечиња учествуваа на бадникарската поворка во Скопје

Организацијата Бадникарски поворки, денес пред Сити мол го одбележа Бадник. Преку 300 дечиња ја испеаа песната „Вечниот бог” која го најави Христовото раѓање.

„Ова е традиционална поворка, оваа година учествуваа децата од Карпош, Ѓорче Петров и Златно Славејче. Дечињата со овој чин го најавија големиот празник Божиќ. Ова е нешто што има традиција”, вели организаторот.

Бадникарската поворка од пред црквата св. Константин и Елена ќе се упати кон Соборниот храм, каде ќе биде централната манифестација за празникот Божиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП