28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Соборниот храм започна бадниковата прослава

Во Соборниот храм започна бадниковата прослава

Почна бадниковата прославата во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Стотици верници се собраа за заедно да го прослават овој христијански празник.

Како и секоја година, прославата почна со химната што годинава ја избеде „Силви бенд“ и со кревање на бадниковото знаме на јарболот до знамето на Македонската православна црква и на Република Македонија. По ова следува осветувањето на гранчињата, нафората, топлата ракија и чајот од страна на свештенослужители на Соборниот храм, а потоа и делење од страна на членови на одборот за прослава.

Делегација на одборот заедно со кумот за Бадник 2018 ќе се упати кон Домот за стари лица во Злокуќани со пригодни подароци и со осветени гранчиња и топла ракија и чај.

Присутните граѓани пред Соборниот храм ќе имаат можност да ги пречекаат стариот кум Радко Манов со преодниот пехар, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, новиот кум Влатко Огненовски со погачата со златна паричка, и здравичарот Стефан Хаџиниколов, кои ќе се упатат во храмот, каде што ќе се одржи свечен чин на осветување и кршење на погачата од страна на поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, кој во таа пригода ќе одржи и традиционална беседа. Прославата ќе продолжи со настап на естрадни уметници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП