6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФинска може да го oтфрли јагленот во енергетскиот сектор до 2025-та

Финска може да го oтфрли јагленот во енергетскиот сектор до 2025-та

Финска може да ја напушти употребата на јаглен за добивање на електрична енергија до 2025-та година.

Според министерот за земјоделство и животна средина Кимо Тиликанајнен, цитиран од финската новинска агенција во државна сопственост, владата планира да објасни дали може да престане да користи јаглен во земјата уште во 2025-та година. Досега 2030-та година е спомената во енергетската стратегија на земјата како година на напуштање на јагленот.

Според Тиликенаен, јагленот може да се замени со природен гас, кој произведува 60 проценти помалку штетни материи во атмосферата.

Уште во 2019-та година, ние мора да го смениме оданочувањето во енергетскиот сектор за да ја подобриме конкурентноста на гасот во споредба со јагленот, рече министерот.

Финската енергетска асоцијација не ги дели аспирациите на владата и смета дека употребата на јагленот е непотребно и скапо.

Финските електрани на јаглен претставуваат нешто повеќе од 8 проценти од произведената енергија.

Околу 20,5 проценти од електричната енергија што се користи во Финска е увезена и 25,9 проценти се произведуваат од нуклеарните централи во земјата. Речиси 20 проценти од енергијата на земјата доаѓа од хидроцентралите, околу 12 проценти од биогоривата и 7,4 проценти од природниот гас. Алтернативното производство на енергија се развива во Финска, но нејзиното учество сè уште не е големо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП