Секој успешен бизнис започнува со визија, но визионерските мисли мора да бидат подржани со реалната проценка на изводливоста на идејата.
Еве како да утврдите дали имате „добитна комбинација“?
Прво јасно искажете ги вашите желби. Што сакате да постигнете? Потоа направете план кој ќе ги содржи сите неопходни чекори за постигнување на таа цел.
Како ќе знаете дали вашата бизнис визија е реална?
За да можете да утврдите колку вашата визија е остварлива и профитабилна, направете сериозно истражување. Студирајте го пазарот и клиентите. Кој ќе ги купува вашите производи или услуги? Колку години имаат вашите потенцијални купувачи, колкави се нивните приходи и какви се нивните навики за трошење?
Јасната финансиска стратегија е клучот за успехот
Соберете ги сите трошоци за остварување на вашата бизнис идеја: оперативни трошоци, технологија, маркетинг… направете бизнис план.
Бизнис планот мора да биде концизен и едноставен. Планот мора да покаже профитабилност, одржливост и потенцијал за раст на вашиот бизнис.
Избегнувајте некој друг да го пишува вашиот бизнис план. Инвеститорите сакаат да видат дека ја разбирате работата и дека сте подготвени на различни начини да ја остварите вашата цел.
Предвидување на добивка
Наместо да очекувате „одлична добивка“, одредете ја точната добивка и временскиот период за кој мислите дека ќе ја остварите.
Запомнете, новиот бизнис никогаш не започнува со полна брзина. Во почетокот е доволно да ги покрива само трошоците.