26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ покрај апелите коледарски огнови – Воздухот во Скопје вчера енормно загаден

И покрај апелите коледарски огнови – Воздухот во Скопје вчера енормно загаден

Жителите на Скопје не ги послушаа апелите на локалните власти да не палат колдеарски огнови. Вечерва на многу места низ скопските маала и населби се палат коледарски огнови. Со мезе и народна музика, дел од граѓаните го одбележуваат денешниот ден, кој, како што велат е традиција.

Според индексот за квалитет на воздух на Министерството за животна средина, Скопје и вечерва се гуши. Аплиакцијата која го мери квалитетот на воздухот „Мој воздух“ регистрира дека најштетен воздух вечерва дишат жителите на Лисиче. Измерени се рекордни 537 микрограми од канцерогените ПМ 10 честички во воздухот.

Во Центар концентрацијата на овие ПМ 10 канцерогени честички е 194, во Карпош 208, во Гази Баба 221 микрограми на кубен метар… Максималната просечна дневна вредност пропишана со регулативите на Европската унија се 50 микрограми на кубен метар.

Висока е концентрацијата и на уште поситните честички ПМ 2,5. Во Центар вечерва се 102 микрограми на кубен метар, во Карпош се 198, а во останатите скопски општини нема измерено вредности за овие честички.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП