27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШанса: Бараат таленти, нудат виза на дури 10 години

Шанса: Бараат таленти, нудат виза на дури 10 години

Кина ќе издава долгорочни визи од пет до десет години за да ги привлече за работа во земјата висококвалификуваните луѓе.

Тоа ги вклучува технолошките лидери, претприемачите и научниците од секторите во кои постои најголема побарувачка, известуваат локалните медиуми.

Кина постави цели за економскиот и социјалниот развој, при што клучот за нивното постигнување го гледа токму во регрутирањето на експерти од странство.

Кога прв пат беа разгледувани плановите за програмата, Кина најави дека има намера да привлече најмалку 50.000 странци.

За визите може секој да се пријави преку интернет, а кинеската влада гарантира брза обработка на барањето.

Оние кои ќе добијат виза ќе можат да останат во земјата 180 дена одеднаш, а ќе имаат право да ги доведат и партнерот и децата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП