30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговскиот минус на САД 50,5 млрд долари, најголем од 2012

Трговскиот минус на САД 50,5 млрд долари, најголем од 2012

Трговскиот дефицит на САД порасна на 50,5 милијарди долари во месец ноември, на највисокото ниво во речиси шест години, откако увозот и извозот достигнаа рекордни износи.

Американското Министерство за трговија соопшти денес дека дефицитот во номеври бил за 3,2 проценти поголем од октомврискиот, кога изнесувал 48,9 милијарди долари, пренесува агенцијата АП.

Извозот на стока и услуги од САД порасна за 2,3 проценти во ноември, достигнувајќи 200,2 милијарди долари. Увозот порасна дури со побрзо темпо, за 2,5 проценти на рекордни 250,7 милијарди долари.

Претседателот Доналд Трамп гледа на огромните трговски дефицити на Соединетите Држави од одделни земји како на знак за економска слабост, препишувајќи ја вината за тоа на лошите трговски договори и неправедната пракса на Кина и другите трговски партнери, додава АП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП