25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДо 15 февруари отворен конкурсот за државната награда за наука „Гоце Делчев“

До 15 февруари отворен конкурсот за државната награда за наука „Гоце Делчев“

Министерството за образование и наука го отвори конкурсот за доделување на наградата „Гоце Делчев” , Конкурсот ќе биде отворен до 15 февруари 2018, а може да се пријават научна книга или дело објавено во 2017 година на поединци или на група автори од земјата или од странство.

Право на конкурирање имаат дела од еден автор или група автори што се одделно објавени, рецензирани и каталогизирани. За датумот на објавувањето се смета датумот што е објавен во каталогизацијата на публикацијата (ЦИП). Немаат право да конкурираат остварувања објавени во стручни и научни списанија со импакт-фактор, како и поглавја или делови од книги.

Предлози за доделување на наградата може да поднесат: Македонската академија на науките и уметностите, универзитетите, научните установи, истражувачко-развојните единици во стопанството, научни и стручни здруженија, други здруженија на граѓани и граѓани.

Предлозите треба да бидат поднесени на адреса: Министерство за образование и наука, Одбор за доделување на наградата „Гоце Делчев”, бул. „Кирил и Методиј” бр. 54 1000 Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП