2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа да го намали загадувањето Кина би можела да стане водечки увозник...

За да го намали загадувањето Кина би можела да стане водечки увозник на природен гас

Кина оваа година би можела да ја симне Јапонија од местото најголем увозник на природен гас во борбата против загадувањето на воздухот.

Кина, која веќе е најголем светски увозник на нафта и јаглен, е трет најголем потрошувач на природен гас, зад САД и Русија. Речиси 40 отсто од потребите за гас ги обезбедува со увоз затоа што домашното производство не може да ја задоволи побарувачката.

Кинескиот увоз на гас минатата година надмина 67 милиони тони, што е една четвртина повеќе отколку во 2016 година. Само увозот на природен гас пораснал над 50 отсто. Јапонија, пак, годишно увезува околу 83,5 милиони тони гас, исклучиво природен. Најновите податоци покажуваат дека вкупниот увоз на природен гас во Кина во септември и во ноември го надминал јапонскиот.

Кина лани поведе иницијатива со која настојува милиони домаќинства и многубројни индустриски погони од јаглен да преминат на природен гас за да се намали загадувањето. Најголеми кинески доставувачи на природен гас се Австралија, Катар и Малезија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП