
Истражувањата велат дека овие фактори предвидуваат дали ќе бидете успешни или не…


Истражувањата велат дека овие фактори предвидуваат дали ќе бидете успешни или не…
Веројатно сте имале прилика да сретнете многу успешни жени, а веројатно и вие самите сте успешни на некој начин, без оглед дали како студент или вработен. Но што е она што на жените им дава можност да изградат сјајна кариера?
Во изминтите неколку децении бројот на жените на високите позиции прилично се зголеми, но сепак, дамите и понатака се во мал број на топ позициите. Што е тоа што жените ги спречува да дојдат до највисоките манаџерски функции? А што е она што некои дами сепак ги довело до директорската фотеља?
Неодамна направената студија на компанијата „Caliper“ која се занимава со регрутирање на таленти, се ангажираше со истражувањето на личните особини и карактеристи кои ги красат 85-те најуспешни жени. Еве кои особини биле издвоени:
1. Асертивност: Способност јасно и директно да кажат што мислат.
2. Агресивност: Во смисла на борбени залагања и конструктивно делување.
3. Емпатија: Слушање и разбирање.
4. Силно его: Самодоверба и успешно надминување на предизвиците.
5. Енергичност: Ентузијазам и грижа за себеси (да, тоа подразбира и доволна количина на сон).
6. Толеранција на стрес: Познавање на начини за опуштање.
Ова истражување исто така истакнува и дека најголемата препрека со која се соочуват жените чија кариера е во подем, е чувството на вина поради тоа што не поминуваат доволно време со семејството. Освен тоа, жените често се соочуваат и со неопходноста да ги надминат машките колеги за тие да ги сфатат сериозно, како и со недостатокот на поддршка од семејството, кога се ангажирани на позициите кои бараат многу од нив.