По заминувањето на Александар Наумовски од директорското место во затворот во Шуто Оризари, на негово место доаѓа Ѓоко Котевски, кој претходно беше директор и на Управата за водење на матичните книги, дел од Министерството за правда.
Народниот правобранител Иџет Мемети во неколку наврати предупредуваше дека во Истражниот затвор „Скопје“ притворениците ги немаат основните човекови права, не се исполнети ниту минимум услови, а одделенијата се пренатрупани.
Со критики за лошите услови во затворот во Шуто Оризари се придружија и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваа дека условите во кои во затворот во Шуто Оризари се чуваат притворените за настаните од 27 април се како во нацистички логор, а ќелиите немаат изолација, ниту греење.