12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ за божикните празници суво и стабилно време

И за божикните празници суво и стабилно време

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени. Највисока снежна покривка има во Лазарополе – 7 сантиметри, во Маврово – 5 и 4 сантиметри во Крушево.

Следува период на стабилно и суво време, претежно со слаб јужен ветер. Во поголем дел од земјава дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, што ќе предизвика натамошно топење на снежната покривка. Од недела ќе има умерена до значителна облачност, а по котлините, вклучувајќи ја и Скопската, ќе има појава на магла и ниска облачност, така што дневната температура во овие места ќе остане пониска.

Од среда се очекуваат повремени локални врнежи од дожд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП