10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Центар најави изградба на стационар за бездомни животни

Општина Центар најави изградба на стационар за бездомни животни

Општина Центар ја започна процедурата за решавање на проблемот со бездомните животни. По иницијатива на градоначалникот Саша Богдановиќ во буџетот за 2018 се одделени 6.000.000 денари за изградба на стационар за згрижување напуштени животни на територијата на општината.

„Досега немало проект за изградба на ваков стационар и Центар ќе биде првата општина што го прави ова и ќе биде пример за хумано справување со проблемите со бездомните кучиња и мачиња“, велат од Општината.

Од таму информираат дека денеска се одржал состанок со претставници на „Кане корзо“, здружение за заштита на животните, а градоначалникот ги повикува сите заинтересирани здруженија да дојдат на консултации или да ги напишат своите предлози на [email protected].

Од Општината наведуваат дека се разгледуваат неколку опции за локација за сместување на овој стационар, кој ќе ги исполни сите неопходни стандарди за згрижување. Напуштените животни ќе бидат сместени во стационарот до удомување во семејства.

„Со ова ќе се стави крај на бездомните кучиња што се шетаат во централното градско подрачје, ќе се превенира за намалување можни заразни болести што се пренесуваат меѓу животните и ќе се обезбеди сигурност на децата и на граѓаните“, велат од Општината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП