20 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАДен на виното во Охрид

Ден на виното во Охрид

Во рамките на проектот „Од 20 до 20 сите во Охрид“, охриѓани и гостите синоќа уживаа во најубавите вина на „Тиквеш“, „Вила Марија“ и „Стоби“ и во музиката на Александар Митевски и легендарниот Драган Б. Костиќ.

И покрај ладното време, и овој настан помина во позитивна атмосфера и забава што траеше до доцна во ноќта. Денот на виното се одржа на посебно изработените тезги за оваа намена лоцирани на градскиот плоштад. Вечерва, на малата сцена, со почеток во 20 часот, во дрвената куќичка ќе настапи „Силви бенд“.

Сите манифестации се дел од поголемиот проект за промоција на Охрид во обид за максимално продолжување на туристичката сезона со наслов „Од 20 до 20 сите во Охрид“.

В недела, 7 јануари, за празникот Божик на големата сцена ќе настапат Сергеј Ќетковиќ и Ѓоко Танески, за Стара Нова година, на 13 јануари, посетителите ќе уживаат во музиката на „Љубојна“ и на 19 јануари за големиот верски празник Водици ќе настапи „Фолтин“, со што ќе биде крунисана целата манифестација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП