27 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекордна година според исплатата на износи поврзани со штети

Рекордна година според исплатата на износи поврзани со штети

Осигурителните компании ќе треба да исплатат рекордни 135 милијарди долари на жртви во 2017-та година – ова е највисоката таква сума досега, откако минатата година изобилуваше со природни катастрофи, вклучувајќи урагани, земјотреси и пожари.

Според податоците на германската компанија за реосигурување „Munich Re“, цитирани од „Ројтерс“, штетата предизвикана во текот на изминатата година, изнесуваат 330 милијарди долари (вклучувајќи ги и оние без осигурување).

Ова е втора сума во однос на штетата што ја претрпела во годината според статистичките податоци. Пред неа беше само во 2011-та година, кога силниот земјотрес, проследен со цунами, ја разори Јапонија.

Иако одделни природни катастрофи не се поврзуваат директно со климатските промени, глобалното затоплување игра улога во промените на времето, посочува уште „Ројтерс“. Според „Munich Re“, во иднина треба да се очекуваат дополнителни екстремни природни феномени.

„Гледаме нова норма“, посочува Ернст Раух, шеф на корпоративниот центар за климата на „Munich Re“. Според него, 2017-та не е исклучок. Тој додаде дека од 2005-та година, трошокот за осигурената штета постојано го поминува прагот од 100 милијарди долари.

Меѓу најтешките природни катастрофи од минатата година се ураганите „Харви“, „Ирма“ и „Марија“, кои нанесоа сериозни штети во САД и Карибите, како и пожарите во Калифорнија и земјотресот во Мексико, при што беа одземени повеќе животи, а голем број на домови и инфраструктури беа уништени.

Во декември компанијата „Swiss Re“ пресмета дека исплатените осигурување од катастрофи ќе бидат 136 милијарди долари во 2017-та година – третата по големина сума за секторот, која сепак ги вклучува и штетите предизвикани од човечка рака.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП