24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШалке 04 профитира од титулите на Баерн

Шалке 04 профитира од титулите на Баерн

shalke

Баерн не беше единствениот профитабилен од победата со 2:1 над Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на шампионите на „Вембли“. Повод за радост имаше и кај големиот непријател на „жолто-црните“ – Шалке 04.

Триумфот на Баерн во саботата во Лондон ќе донесе 5 милиони евра во касата на тимот од Гелзенкирхен. Износот е дел од клаузулата во договорот на голманот Мануел Нојер кој во 2011-та година премина во редовите на „баварците“.

Bayern Munich's goalkeeper Neuer enters the field before the German first division Bundesliga soccer match against Schalke 04 in Gelsenkirche

Во Шалке 04 дури веќе смислиле во каков вид да ја добијат сумата од Баерн. Директор Клеменс Тонис сака да го врати во своите редови бразилскиот дефанзивец Рафиња.

Јужноамериканецот е резерва во Баерн, а во Шалке 04 добро го познаваат бидејќи тој играше за тимот од 2005-та до 2010-та година. 27-годишниот десен бек има договор со Баварците до 2014-та година, а во моментов на пазарот вреди околу 4.5 милиони евра.

rafihna

Бразилецот е резервен план за Шалке 04 бидејќи нивната главна трансферна цел на оваа позиција е Себастијан Јунг од Ајнтрахт Франкфурт.

Според весникот „Билд“  Шалке 04 ќе почекаат со својата понуда до крајот на неделава. Тие сакаат да го дознаат резултатот од натпреварот во Купот на Германија меѓу Баерн и Штутгарт кој ќе се игра во сабота. Ако тимот на Јуп Хејнкес дојде до третата титула оваа сезона, Шалке 04 ќе треба да добие поголема сума според клаузулата во договорот на Нојер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП