9 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПред да започнете да барате нова работа поставете си ги овие прашања

Пред да започнете да барате нова работа поставете си ги овие прашања

Совршеното време за барање нова работа е моментот пред да станете целосно очајни.

Одлуката за промена на работата е возбудлива но и застрашувачка. Што доколку по некое извесно време и новата работа во вас започне да предизвикува фрустрации и нездоволство како претходната? За да го избегнете тоа, најпрвин поставете си ги овие прашања:

1. Што сакам од новата работа? Можеби парите ви се приоритет, но можноста за напредување и автономија се значително подобри поттикнувачи од оние од финансиската природа.

2. Што ми недостасува на сегашното работно место? Доколку немате мотивација за извршување на моменталните работни задачи, пронаоѓањето на слична работа нема да го реши тој проблем.

3. Што очекувам од работното место? Одговорот на ова прашање ќе ви помогне да одлучите дали треба да го менувате работното место или комплетната индустрија.

4. Какво работното опкружување и корпоративна култура најдобро ми одговараат? Искористете ги вашите деловни контакти и дознајте се за компанијата пред да се пријавите за понуденото работно место.

5. Што морам да променам за да успеам? Одговорот на ова прашање ви овозможува својата потрага да ја насочите на правилниот пат и да го избегнете претераното губење на време како и понатамошните разочарувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП