5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Бугарија е прва во ЕУ според населението кое не...

График на денот: Бугарија е прва во ЕУ според населението кое не може да си дозволи греење во домот

Бугарија е на прво место во Европската унија (ЕУ) од населението кое не може да си дозволи соодветно да ги загрева своите домови, според податоците на Европскиот завод за статистика „Еуростат“.

Во 2016 година, 39,2% од Бугарите не можат да си дозволат соодветно греење, според европските статистики. Ова е повеќе од 4 пати од просекот на ЕУ, што е 8,7%.

Она што е позитивно во статистиката е дека учеството на Бугарите кои не можат да си дозволат греење значително се намалува за периодот 2006-2016 година. Десет години порано речиси 70% од Бугарите не можеа да си дозволат соодветно загревање на живеалиштето.

Трендот на опаѓање е валиден и во ЕУ. Податоците за Унијата како целина се од 2010-та година, при што учеството на населението изнесува 9,8%. Нејзиниот максимум беше објавен во 2011-та година – 11%.

На второ место во ЕУ, според делот од населението што не може да си дозволи греење, е Литванија и Грција со 29%. По нив следат Кипар со 24% и Португалија со 22%.

На другиот крај се Луксембург и Финска, каде што под 2% од населението има проблем со греењето на домовите.

Овој удел од под 5% е и во Белгија, Словенија, Чешка, Германија, Данска, Естонија, Австрија, Холандија и Шведска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП