23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBlackBerry се враќа, но не со телефон

BlackBerry се враќа, но не со телефон

Канадската телекомуникациска компанија „BlackBerry“ и кинескиот интернет гигант „Baidu“ договорија партнерство во развојот на технологијата на автономните и вмрежени возила.

„Двете компании ќе соработуваат за на производителите и добавувачите на автомобилски делови ширум светот да им овозможат брза примена на технологијата на вмрежените и автономни возила“, се наведува во соопштението на двете компании.

Оперативниот систем на „BlackBerry“ притоа ќе биде темел за отворената платформа на „Baidu“ за автономното возење „Apollo“, се додава.

„BlackBerry“ се откажа од произвoдството на силно популарните паметни телефони и се насочи кон основниот бизнис на подрачјето за софтвер за сајбер безбедност и на услуги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП