4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија прави крипторубља?

Русија прави крипторубља?

Претседателот на Русија, Владимир Путин даде налог да се почне со изработка на крипторубља, пишува Фајненшл тајмс, повикувајќи се на претставници од Москва.

Путин е сигурен дека државната криптовалута ќе помогне да се заобиколат американските санкции.

Криповалутата ќе овозможи да се изведат финансиски операции во рубљи и во исто време да се избегнат санкциите кои ја ограничуваат можноста да се привлечат инвестиции, се наведува во соопштението.

Меѓутоа, во магазинот се наведува дека појавата на крипторубља е долгорочна цел.

Путин по состанокот со еден од основачите на проектот Ethereum Виталик Бутерин и даде на Владата задача да се изгради база за регулирање на пазарот за дигитални валути и блокчејн.

Потоа, советникот на рускиот претседател за економски прашања Сергеј Глазјев предложи да се направи крипторубљата.

„Можеме да сметаме на нашите контраагенти по цел свет, не обрнуваат внимание на санкциите“, изјави тој на неодамнешната седница на Владата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП