3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп сака радикални мерки за кратење на социјалните програми

Трамп сака радикални мерки за кратење на социјалните програми

Американскиот претседател, Доналд Трамп, охрабрен од усвојувањето на најголемите даночни реформи во последните неколку децении, сега сака да преземе радикални мерки за кратење на социјалните програми.

Дел од конгресмените републиканци се воздржани за ваквиот потег со оглед на тоа дека станува збр за чувствително прашање во изборна година за дел од Претставничкиот дом и Сенатот.

Намерата на Белата куќа да ги намали владините програми за помош, како што се надоместот за набавка на храна и за сместување за најсиромашните семејства, може да предизвика негативна реакција на конзервативните донатори во кампањата на чија поддршка сметаат републиканците на делумните избори за Конгресот во ноември, на којиќе настојуваат да ја задржат контролата во ова тело.

Советниците во Белата куќа сметаат дека Трамп за идејата за кратење на парите за помош ќе има поддршка од Пол Рајан, претседавачот на Претставничкиот дом, кој одамна се залага за истата мерка. Аналитичарите предупредуваат дека полесно ќе биде да се применат даночните закони отколку драстичното намалување на социјалните програми кои ги користат 42 милиони Американци, односно 21 милион семејства, за што се издвојуваат 58 милијарди долари годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП