10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајавено формирање на Комитет за земјоделство и безбедност на храна

Најавено формирање на Комитет за земјоделство и безбедност на храна

Владата донесе одлука за формирање Комитет за земјоделство и безбедност на храна, кој има задача да ја следи реализацијата на мерките и проектите во врска со агросекторот, безбедноста на храната и ветеринарната заштита на животните и да дава насоки и предлози заради подобрување на состојбите во спомнатите области.

Со работата на Комитетот раководи претседателот на Владата, како претседател на Комитетот. Покрај него, членови на Комитетот по функција се и заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот за здравство, министерот за животна средина и просторно планирање, министерот за финансии и директорите на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и на Агенцијата за храна и ветеринарство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП