21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВоведување на нови мерки против неконтролирано горење отпад на нестандардни депонии

Воведување на нови мерки против неконтролирано горење отпад на нестандардни депонии

На предлог на Министерство за животна средина и просторно планирање, Владата вчера ја разгледа и усвои информацијата за ажурираниот Национален имплементационен план за редукција и елиминација на перзистентните органски загадувачи во земјава.

Ажурираниот национален имплементационен план за редукција и елиминација на перзистентните органски загадувачи опфаќа и препорачува повеќе акции како наредни чекори за исполнување на обврските кон Стокхолмската конвенција и унапредување на животната средина во доменот на овие хемикалии, како што е спречување неконтролирано горење отпад на нестандардни депонии, воспоставување контрола при увоз на стара опрема со ризик од хемикалии штетни за здравјето на луѓето и животната средина, формирање и функционирање на собирни центри, центри за третман и преработка на искористени возила, како и други мерки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП