25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе зголемува контролата на паралелниот увоз на лекови

Се зголемува контролата на паралелниот увоз на лекови

Владата вчера го разгледа и утврди новиот текст на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, со одлука да го достави до Собранието, согласно со член 137 од Деловникот.

Со предложените решенија, веледрогериите се задолжуваат да обезбедат пообемна документација која се однесува на квалитетот на лековите кои се предмет на паралелен увоз.

Дополнително со овој предлог-закон се прецизира начинот на издавање на одобрението за паралелен увоз во смисла на утврдување критериуми, и тоа со обезбедување сертификат за квалитет на лек што e предмет на паралелен увоз, приложен во оригинал. Сертификатот за квалитет треба да биде издаден од страна на производителот на лекот или од лабораторија овластена од надлежен орган на земјата производител или од земјата извозник на лекот.

На овој начин се овозможува подобрена контрола на квалитетот на секоја серија од лековите кои се предмет на паралелен увоз и се обезбедуваат безбедни лекови од паралелен увоз и заштита на пациентите од евентуални неквалитетни лекови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП