25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денес стабилно и суво време

Од денес стабилно и суво време

Од денес следува период на стабилно и суво време. Во поголем дел од земјава дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, а тоа ќе предизвика топење на снежната покривка.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер, соопшти УХМР. По одделни котлини, вклучувајќи ја и Скопската ќе има услови за појава на слаба магла или заматеност на атмосферата. Температурата ќе се движи од 6 до 13 степени.

Во Скопје дневната температура ќе достигне 6 степени.

Времето утре ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност и со умерен јужен ветер. По одделни котлини со појава на слаба утринска магла.

До вторник следува период на стабилно и суво време. Во поголем дел од земјава дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, а тоа ќе предизвика топење на снежната покривка. Утре ќе биде најсончево, а од недела ќе има умерена до значителна облачност. По котлините, вклучувајќи ја и Скопската ќе има појава на магла и ниска облачност, особено од недела, а дневната температура во овие места ќе остане пониска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП