24 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканската економија создаде 250.000 нови работни места во декември

Американската економија создаде 250.000 нови работни места во декември

Создадените нови работни места во декември во приватниот сектор во САД (надвор од земјоделството) се 250.000, соопшти истражувачкиот институт „ADP“.

Главната заслуга за зголемувањето на вработеноста е секторот на услугите, па 89% од новите работни места се токму во оваа индустрија. Американските компании успеаја да создадат најмногу работни места во последните 7 месеци до крајот на 2017-та година.

„Гледаме уште еден месец, во кој пазарот на трудот не покажува знаци на забавување“, коментира Аху Вилдермаз, потпретседател на „ADP Research“. Според Марк Занди, виш економист на „Moody’s Analytics“ зајакнувањето на онака силниот пазар на трудот може да доведе до знаци за „прегревање“.

Ревидираните ноемвриски податоци за нови работни места во американската економија беа намалени од претходно најавените 190.000 на 185.000.

Силниот економски раст го поттикнува растот на вработеноста. Пазарот е близу до целосна вработеност, со невработеност во САД со 17-годишен минимум од 4,1%. Токму тоа, како и растечката економија, даде доверба на Федералните резерви да ја зголемат основната каматна стапка во средината на декември по трет пат во 2017-та година. Американската централна банка очекува три зголемувања на каматите и оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП