20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоговорена соработка на градоначалникот и централните институции што дејствуваат во Дебар

Договорена соработка на градоначалникот и централните институции што дејствуваат во Дебар

Градоначалникот на Дебар, Ружди Лата, и претставниците на централните институции што дејствуваат во Дебар денеска договорија секој први од месецот да имаат средба на која ќе се договара соработката на локалната власт и институциите.

Градоначалникот изјави дека соработката е во интерес за подобро живеење во Дебар. Според него, на средбата со претставниците на полицијата, УЈП, инспекциските служби, судот и Јавното обвинителство нагласено е дека поинтензивната соработка е во интерес како на локалната власт така и на централните институции сè со цел во градот да има целосно почитување на јавниот ред, сообракајот, трговската мрежа и другите сфери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП