27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ сака да го оданочува биткоинот

ЕЦБ сака да го оданочува биткоинот

Владите би требало да го регулираат и оданочат биткоинот, порача висок функционер на Европската централна банка (ЕЦБ).

Тој истакна дека оваа криптовалута е предмет на шпекулации и алатка за перење на пари.

„Би требало да го применуваме основното правило кое вреди за сите останати финансиски трансакции – сите учесници би требало да го објават својот идентитет“, нагласи во разговор за германскиот дневен весник „Sueddeutsche Zeitung“ членот на управниот одбор на ЕЦБ и гувернер на австриската централна банка Евалд Новотни.

„Потребен ни е ДДВ за биткоинот бидејќи не станува збор за класична валута“, појаснува тој.

Неговата порака е надоврзување на сличните оценки на останатите функционери од ЕЦБ кои шпекулантската вредност на биткоинот ја сметаат за балон, а не како знак дека дигиталната валута во одреден момент би можела да конкурира на еврото.

„Дигиталното злато“ сепак задава главоболка на централните банкари, затоа што на „перачите на пари“ им овозможува заобиколување на сите строги правила кои вредат за традиционалниот финансиски систем.

„Не може да си допуштиме да одлучиме дека повеќе нема да печатиме пари од 500 евра со цел да го спречиме перењето на пари и да воведеме построги прописи за секоја заштеда, колку и да била мала таа, а тогаш мораме да гледаме како луѓето со биткоинот мирно перат пари ширум светот“, нагласи функционерот на ЕЦБ.

Биткоинот можеби е најпознатата и најпопуларната виртуелна валута чија вредност во последно време нагло порасна, со околу 1.000 долари пред една година на минатомесечните 19.500 долари, па да се намали цената по низата предупредувања на владите и аналитичарите за ризичните и осцилациите поврзани со криптовалутите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП