Поранешниот британски премиер Тони Блер денеска изјави дека истекува времето за сопирање на брегзитот, кој ќе ја торпедира Британија и за што ќе жалаат генерациите што доаѓаат.
Тој ги повика лабуристите да се спротивстават на тој процес.
Блер, лабуристичкиот премиер од 1997 до 2007 година, рекол дека Британија ќе стане посиромашна и послаба и предупредил дека премиерката Тереза Меј не решила ниту еден проблем во врска со статусот на Северна Ирска по брегзитот.