21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАОблачно време со температура до 11 степени

Облачно време со температура до 11 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно. До пладневните часови сè уште ќе има повремени врнежи од дожд вдолж Повардарието, а на планините на запад и на исток понекаде и на повисоките места ќе има врнежи од снег, информира УХМР.

Од пладне ќе дува умерен до повремено засилен северозападен ветер најизразен на југоисток, а облачноста ќе се намалува. Температурата ќе се движи од 4 до 11 степени.

Во Скопје претпладне ќе има повремен слаб дожд, а потоа ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер и облачноста ќе се намали. Температурата до 9 степени.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво, по котлините и по речните долини со појава на магла и ниска облачност. Во следните два дена утринските температури ќе бидат пониски, а за време на викендот температурите преку денот и особено на југоисток ќе достигнуваат и до 15 степени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП