17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗаев: Поддршка за иницијативите во науката и особено во медицината

Заев: Поддршка за иницијативите во науката и особено во медицината

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, вчера ги прими во посета Горан Кунгуловски и Иван Кунгуловски од компанијата „Биоинженеринг“, кои го запознаа премиерот со работата на научниот проект „ Персонализирана генетика – секвенционирање на геном и егзом“, кој има за цел да обезбеди научни сознанија за примена во медицината, и тоа во дијагностиката и фармакогенетиката, како и во повеќе други области во превентивната медицина.

Како што информираат од владиниот кабинет, двајцата млади научници биолози своите сознанија ги црпат од работата во двете лаборатории за молекуларна биологија и за микрогенетика, во кои, со примена на најнови методи на секвенционирање на геноми, ги аплицираат пионерските зафати во сферата на персонализираната медицина, и кои веќе успешно се применуваат во една наша позната приватна болница.

Горан и Иван Кунгуловски го информирале премиерот дека со оваа методологија се обезбедува точна и навремена дијагностика, врз основа на која потоа се одредува персонализирана терапија, за разлика од широко прифатените тераписки третмани кои се општи и кои не секогаш и кај секој пациент ги постигнуваат очекуваните ефекти.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, го поздравил ентузијазмот и работата на младите научници, и им порачал колку што може побргу да предложат проект кој ќе ги искористи и кој ќе ги примени нивните искуства во сферата на генетската медицина.

„Иновативните пристапи, кои се од помош за докторите и пациентите, се во фокусот на оваа влада. Ќе ги поддржиме и одобриме сите иницијативи што претставуваат значаен чекор напред во науката и особено во медицината“, истакнал премиерот на средбата со младите научници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП