2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗаев: Веднаш ќе почне постапката за обезбедување на лекот спинраза

Заев: Веднаш ќе почне постапката за обезбедување на лекот спинраза

Веднаш ќе почне постапката за обезбедување на лекот спинраза и нема да прекинеме додека не го обезбедиме за сите болни во Македонија. Ова го порачал претседателот на Владата, Зоран Заев, по средбата со деветгодишниот Јане Велковски, кој боледува од спинална мускулна атрофија, а кој пристигнал во кабинетот на претседателот, заедно со неговото семејство.

Од владината прес-служба соопштија дека родителите на Велковски го информирале Заев за потребата од набавка на лекот, кој од минатата година се користи во САД и е одобрен и во Европа, а кој дава одлични резултати кај пациентите болни од СМА. Тие објасниле дека фирмата која го произведува лекот преговара само со државни институции, поради комплексноста на програмите за терапија на оваа ретка болест, од која во Македонија се заболени седум лица.

„За децата ќе сториме сè. Знаеме дека лековите за ретки болести се скапи, компаниите кои ги обезбедиле вложиле во процедурите за откривање, имаат трошоци, но имаат и општествена одговорност за достапност на лекот до сите и ние уште утре ќе ја започнеме процедурата за да стапиме во контакт со нив и да разговараме за набавка“, истакнал премиерот.

Заев додал дека на средбата со производителот и набавувачот на лекот ќе бидат повикани и претставници на Министерството за здравство и Фондот за здравство, а за целата постапка при употребата на лекот ќе бидат консултирани соодветните медицински лица.

На почетокот на средбата младиот Јане, кој е пасиониран љубител на фудбалот и од неодамна е амбасадор на програмата „Еднаква игра за сите“ на Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА), на премиерот му подарил неколку подароци меѓу кои и оригинал топка која ја добил на натпреварот меѓу Реал Мадрид и Манчестер jунајтед на УЕФА Супер купот во Скопје.

Заев на младото момче и на неговиот брат им подарил новоодишни пакeтчиња, и им порачал дека е особено горд оти преку него светската јавност постојано слуша за Македонија и дека ќе направи сè за да биде обезбеден лекот кој нему и на другите деца ќе им овозможи да ја победат болеста која ги спречува нормално да го живеат детството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП