15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon минатата година продаде над 5 милијарди артикли преку Prime

Amazon минатата година продаде над 5 милијарди артикли преку Prime

Онлајн трговецот „Amazon.com“ објави дека во 2017-та година има продадено над 5 милијарди стоки низ целиот свет преку својата претплата на услуги „Prime“, која истовремено додаде повеќе нови претплатници од кога било, пренесува „Ројтерс“.

Гигантот кој за прв пат откри податоци од продажбата во „Prime“, не дава споредливи годишни резултати за 2016-та година.

„Amazon“ тврди дека нејзиниот „Fire TV Stick“ и гласовно контролираниот паметен уред „Echo Dot“ биле најдобро продаваните производи во САД од сите производители во сите категории на нејзините производни предлози.

„Amazon Prime“, кој им нуди на своите претплатници услуги како испорака во рок од два дена за одредени набавки, неограничени стриминг филмови и ТВ емисии со „Prime Video“ привлекува се повеќе претплатници секоја година.

Компанијата објави дека продала повеќе од 1 милијарда единици низ целиот свет преку „Prime“ само за време на божиќната сезона во 2016-та година.

„Amazon Prime“, која влезе во земји како Мексико, Холандија, Луксембург и Сингапур минатата година, веќе е присутна во 16 земји во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП