17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе тампонираат улици и се гради детската градинка во Бардовци

Се тампонираат улици и се гради детската градинка во Бардовци

Од општина Карпош информираат дека веднаш по новогодишните празници продолжиле со интензивни комунални зафати во населеното место Бардовци.

„Во оваа месна заедница, во моментов се тампонираат улицата „2“ и улицата „К“ која се наоѓа покрај железничката пруга, сé со цел да им се подобри пристапот на граѓаните до нивните станбени објекти“, информираат од општината.

Истакнуваат дека покрај овие активности, во тек е и изградбата на детската градинка во оваа населба.

„Оваа капитална инвестиција ќе чини 24 милиони денари, од кои 7.200.000 денари се финансиски средства обезбедени од Светската Банка, додека преостанатиот дел од финансиската конструкција ќе го покрие Општината од своите буџетски средства. Исто така, во завршна фаза е и реконструкцијата на објектот на месната заедница при Општина Карпош, кој се наоѓа во оваа населба“, стои во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП